Gözde Bayar
10 Април 2021•Ажурирај: 11 Април 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили пронајдоа и уништија подземен тунел на сириската граница што се користел за илегални премини во земјата, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Тунелот долг 100 метри е откриен од персоналот што работи во пограничната полициска станица Букулмез во подрачјето на Рејханли во јужната турска област Хатај“, се вели во соопштението на Министерството.
Оттаму велат дека во тунелот фатена е и група од 24 лица, кои се обидувале да преминат во Турција. Тунелот започнувал од куќа во шаторската населба Атме во Сирија.
Тунелот, што се користел за нелегални премини и може да се користи и за инфилтрација на терористи во иднина, е уништен.
Во Сирија владее граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Асад со неочекувана свирепост ги разби продемократските протести.
Оттогаш раселени се над 5 милиони цивили, а Турција е земја домаќин на над 3,6 милиони Сиријци, најмногу од која било друга земја во светот.