Tuba Onğun
24 Април 2023•Ажурирај: 28 Април 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ денес го превезе милијардитиот патник, јавува Анадолу.
На патникот Мустафа Балџи, кој полета од Истанбул до југоисточната турска област Адијаман, „Туркиш ерлајнс“ го награди со еден милион бонус милји.
„Никогаш нема да го заборавам ова искуство“, изјави Балџи.
Ахмет Болат, претседателот на Управниот одбор и Извршниот одбор на компанијата, во оваа пригода рече:
„Нашата компанија, која достигна една милијарда патници за 90 години, има цел да превезе две милијарди патници до 2031 година.“
Бонус милјите може да се користат за летови, хотели, најмување автомобили и други делови од патувањето преку „Туркиш ерлајнс“.
„Туркиш ерлајнс“ моментно има 413 авиони и лета до 342 дестинации, 289 меѓународни и 53 домашни.