Турција

„Туркиш ерлајнс“ го одбележува својот 86-ти роденден

„Туркиш ерлајнс“ во 1933 година имала флота од пет авиони, а денес има модерна флота од 336 авиони и секојдневно низ светот превезува стотици илјади патници

Kenan Irtak  | 20.05.2019 - Обновена : 22.05.2019
„Туркиш ерлајнс“ го одбележува својот 86-ти роденден

ИСТАНБУЛ (АА) - „Туркиш ерлајнс“ (THY), авиокомпанијата која стана препознатлив бренд на Турција, одбележува 86 години од своето постоење, јавува Anadolu Agency (AA).

Од компанијата е соопштено дека „Туркиш ерлајнс“ во 1933 година имала флота од пет авиони, а денес има модерна флота од 336 авиони и секојдневно низ светот превезува стотици илјади патници.

Авиокомпанијата со првичниот назив „Државна авиокомпанија“, ги започна летовите од аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, кој тогаш се нарекуваше „Јешилкој“. Темелот на денешниот успех „Туркиш ерлајнс“ го постави со набавката на новите авиони меѓу 1943 и 1945 година.

Паралелно со растот на капацитетот на патниците, „Туркиш ерлајнс“ го оствари првиот меѓународен лет во 1947 година на релација Анкара - Истанбул - Атина.

По Атина следуваше воспоставување на линијата кон Никозија, Бејрут и Каиро.

На 50-годишнината од основањето, во 1983 година „Туркиш ерлајнс“ со флота од 30 авиони и капацитет поголем од 4.000 патници превезе 2,5 милиони лица и 30 тони товар. Таа година авионите на компанијата летаа на три континенти.

По деведесеттите години „Туркиш ерлајнс“ започна со услуги за одржување на авионите, услуги на другите компании на тло, со производство на кабински инвентар и со обука на пилотите и кабинскиот персонал.

Оваа компанија од 2019 година лета во 124 земји на 309 дестинации, а годишно превезува 75 милиони патници. Од 6 април, „Туркиш ерлајнс“ се пресели на новиот истанбулски аеродром, што претставува своевиден нов почеток за оваа компанија.

Компанијата со една од најмладите флоти во светот, на 86-та година од постоењето има за цел да ја заземе првата позиција меѓу најдобрите светски авиопревозници.

Како што изјави портпаролот на „Туркиш ерлајнс“, Јахја Устун, патувањето на оваа компанија започнало пред точно 86 години со пет авиони и 24 вработени лица.

„Денес работиме со капацитет од 336 авиони и 50 илјади вработени во 124 земји на светот“, изјави Устун.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın