Gökhan Yılmaz
29 Април 2022•Ажурирај: 30 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Најпопуларните дестинации во странство за граѓаните од Турција по повод претстојните празници се Италија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, а во рамките на земјата, Анталија, Трабзон, Газиантеп и Дијарбакир, покажуваат податоците на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (THY), јавува Агенција Анадолија (АА).
Канцеларијата за комуникации на „Туркиш ерлајнс“ соопшти дека поради очекуваниот зголемен број на патници во текот на празникот Бајрам, во траење од девет дена се воведени дополнителни летови од Истанбул и Анкара.
„Туркиш ерлајнс“ од 30 април до 8 мај ќе воведе 259 дополнителни летови. Зголемувањето на бројот на патници се очекува по повод празникот Бајрам кој ќе биде одбележан од 2 до 4 мај.
Планирани се 187 дополнителни летови од и до Аеродромот „Истанбул“, а поткомпанијата на „Туркиш ерлајнс“, „Анадолу џет“ од Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул и „Есенбога“ во Анкара ќе воведе 72 дополнителни летови.