Mehmet Ali Derdiyok
23 Март 2020•Ажурирај: 23 Март 2020
ИСТАНБУЛ (AA) – Турската национална авиокомпанија „Туркиш Ерлајнс" (Turkish Airlines) донесе одлука за привремено запирање на сите меѓународни летови од Турција, со исклучок на летовите во Хонг Конг, Москва, Адис Абеба, Њујорк и Вашингтон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на „Туркиш Ерлјанс" Билал Екши на социјалните мрежи соопшти дека меѓународните летови, со исклучок на наведените пет градови ќе бидат запрени во периодот од 27 март до 17 април.
„Нашите товарни летови ќе бидат продолжени. Летовите во рамките на Турција ќе бидат продолжени со редуцирање. И ова ќе помине, со Божја помош", порача Екси.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан. Потенцијално смртоносниот вирус брзо се прошири во повеќе земји, а Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија на Ковид-19.