Emre Gürkan Abay,Vesna Besiç
16 Јули 2016•Ажурирај: 16 Јули 2016
САРАЕВО (АА) - Поради обид за државен удар во Турција, Туркиш Ерлајнс привремено стопира над 900 летови во целиот свет, јавува Anadolu Agency (AA).
Имено, покрај одредени локални летови откажани се и летовите кон другите земји. Меѓу останатото, откажани се и летот Љубљана-Истанбул, летот од Багдад кон истанбулскиот меѓународен аеродром Ататурк како и летот од аеродромот Стокхолм Арланда кон Истанбул.
Исто така, меѓу останатите, откажани се и летовите од Приштина, Скопје, Софија, Подгорица, Белград и Сараево.
Кон истанбулскиот аеродром Ататурк откажани се и летови од Букурешт, Фнкфурт, Баку, Каиро и Ербил. Меѓу откажаните летови на Туркиш Ерлајнс се и оние од Кувајт, Доха, Медина, Хамбург, Берлин, Исламабад и Осака кон истанбулскиот аеродром Ататурк.
Авиокомпанијата привремено ги откажа летовите и од Киев, Париз, Техеран, Банкок, Минхен, Тел Авив и Сингапур.
И некои руски авиокомпании привремено ги стопираа чартер-летовите кон Турција.
Според руската новинска агенција РИА, која се повикува на извори од руското Министерство за транспорт, Русија привремено, од безбедносни причини, ги стопира летовите кон Турција.
Додека руската најголема авиокомпанија Аерофлот привремено ги укинува летовите, Туркиш Ерлајнс продолжува со летовите од Русија кон Турција.
Да потсетиме, припадниците на турските вооружени сили лојални а терористичката организација Фетулачи/Паралелни државни структури (ФЕТО/ПДЈ) чиј водич е Фетула Ѓулен, синоќа се обидоа да извршат државен удар во Турција, но турските безбедносни сили со поддршка на граѓаните, кои во голем број излегоа на улиците, го спречија рушењето на демократски избраната Влада.