Sarp Özer
16 Јули 2016•Ажурирај: 17 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Припадниците на турските вооружени сили лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ за време на обидот за извршување државен удар комуницирале по пат на интернет, преку апликацијата WhatsApp, јавува Anadolu Agency (AA).
Имено, терористите лојални на Фетулах Ѓулен формирале група на оваа апликација под назив „Yurtta Sulh Biziz ” (Ние сме мир во земјата). Администраторот во оваа група бил официр под име Мурат Челебиоглу, кој по пат на групата издавал наредби во обидот за воен државен удар.
Челебиоглу, во оваа група вклучи бројни имиња како што се Узај Шахин, Мурат Јаник, Мурат Каракус. Една од првите наредби на Челебиоглу во групата беше да го блокираат сообраќајот кон центарот на Истанбул, и возилата од центарот на градот да се пуштаат надвор од него.
Мајорот Мурат Јаник, при постојано пуштање на информации напишал дека „моменталната состојба е позитивна”, а кратко по тоа „негативна”.
Во групата можеа да се видат и бројни пораки во врска со земањето на началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Турција, генералот Хулуси Акар, за заложник.
Исто така во пократки интервали, корисниците на групата праќале и информации за состојбата на Босфорскиот мост и аеродромот Ататурк.
Во врска со случувањата во Анкара, во групата стигнала порака:
„На пат се претставниците на Партијата за правда и развој (АК Партија)”, на кое полковникот Шахин порачува: „Не ги пуштајте, слободно пукајте”.
Во групата можеа да се видат исто така и наредби за доаѓање на оклопни возила