Турција

Србија прогласи црвен аларм поради екстремните горештини

- Според прогнозите, оваа недела температурите во Србија ќе се движат од 32 до 42 Целзиусови степени.

Necva Taştan Sevinç  | 21.07.2025 - Обновена : 22.07.2025
 Србија прогласи црвен аларм поради екстремните горештини

ИСТАНБУЛ (АА) – Србија денес прогласи црвен аларм на национално ниво поради топлотниот бран што доаѓа од Африка, со температури што до петок се очекува да достигнат до 42 Целзиусови степени, соопшти Хидрометеоролошкиот завод на земјата, јавува Анадолу.

Според прогнозите, оваа недела температурите во целата земја ќе се движат од 32 до 42 Целзиусови степени.

На граѓаните им се препорачува да останат во затворен простор во текот на најжешкиот дел од денот.

Утринава температурата во главниот град Белград веќе достигна 29 Целзиусови степени.

Министерството за внатрешни работи на Србија предупреди дека наредните денови значително се зголемува ризикот од шумски пожари поради екстремната топлина и апелираше до граѓаните да бидат внимателни.

Заменик-директорот на Единицата за противпожарна заштита и спасување при Секторот за вонредни состојби, Милош Миленковиќ, изјави дека бројот на шумски пожари во јуни и јули е зголемен за 284%. Тој додаде дека моментно се активни четири пожари на отворен простор.

Миленковиќ истакна дека 15 лица биле спасени од пожари во изминатите месеци предизвикани од високите температури, посочувајќи дека главна причина за пожарите е „човечкиот фактор“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.