Sefa Şengül
19 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за транспорт и инфраструктура на Турција, Адил Караисмаилоглу, истакна дека сателитот „Турксат 5A“ ќе биде лансиран во декември, додека „5Б“ во првата половина на 2021 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Караисмаилоглу одржа презентација пред Комисијата за планирање и буџет при Големото народно собрание на Турција (ТБММ) во врска со буџетот за 2021 година на Министерството за транспорт и инфраструктура, како и на институциите поврзани со ова министерство.
Турскиот министер говореше и за работите реализирани во областа на комуникациите, нагласувајќи дека минатата година овој сектор во Турција забележал раст од 14 отсто во споредба со претходната година, односно изнесувал 152,7 милијарди турски лири (околу 16,7 милијарди евра).
Според него, бројот на претплатници кои се корисници на услугата „4,5Г“ (4,5G) надминал 75 милиони, додека во мобилните услуги зголемени се домашните и националните проекти.
„Со Проектот на домашната и национална комуникациска мрежа „5Г“ имаме за цел да ја елиминираме нашата надворешна зависност во инфраструктурата на електронските комуникации“, рече Караисмаилоглу во врска со 5Г-инфраструктурата на земјата.
Тој истакна дека нивните активности во областа на комуникацијата продолживаат и во вселената.
„Сателитот „Турксат 5A“ ќе го лансираме во декември, додека „5Б“ во првата половина на 2021 година“, додаде тој.
Што се однесува до домашниот комуникациски сателит „Турксат 6A“, кој го опиша како еден од најголемите проекти на истражување и развој на Турција, Караисмаилоглу рече дека овој сателит ќе почне да служи во 2022 година.
Турскиот министер информира и за урбаната железничка линија, нагласувајќи дека како влада досега на жителите им понудиле вкупно 312,2 километри железничка линија.
„Нашата земја се позиоционира на 10. место во светот во 2018 и 2019 година во вкупниот број на патници во светските и европските аеродроми, додека меѓу европските земји во 2019 година се позиционира на 5. место“, додаде тој во врска со секторот за авијација.
Караисмаилоглу истакна дека од 2003 година досега значително ја зголемиле мрежата на летови.