Турција

Самитот Стратком 2026 започнува во петок во Истанбул

Агенција Анадолу е глобален комуникациски партнер на овој настан

Seda Sevencan  | 25.03.2026 - Обновена : 25.03.2026
 Самитот Стратком 2026 започнува во петок во Истанбул

ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународниот самит за стратегиска комуникација, Стратком 2026, на едно место ќе ги собере високите официјални претставници од 38 земји од светот, кои ќе дискутираат за војната на Блискиот Исток како и за најитните прашања со кои моментално се соочува меѓународниот систем, јавува Анадолу.

Во организација на Дирекцијата за комуникации на Турција, на овој дводневен самит, кој ќе се одржи на 27 и 28 март, ќе присуствуваат турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз, министерот за надворешни работи Хакан Фидан и претседателот на Националната разузнавачка служба, Ибрахим Калин. Меѓу повеќе од 60 високи претставници, кои ќе присуствуваат на самитот, ќе бидат и 11 министри од 10 земји.

Агенција Анадолу е глобален комуникациски партнер на овој настан.

Под темата „Нарушување на меѓународниот систем: кризи, наратив и потрага по поредок”, на самитот ќе се разгледаат структурните нарушувања во глобалниот систем, кризите што произлегуваат од нив, како и различните регионални пристапи за враќање на меѓународната стабилност.

На платформите за социјални мрежи директорот за комуникации Бурханетин Дуран објави: „Како Дирекција за комуникации наша цел е да ја поттикнеме меѓународната соработка и да ја ангажираме колективната мудрост преку користење на моќта на стратегиската комуникација. Овој самит не е само обичен состанок; тој претставува силен израз на волја насочена кон решавање на глобалните прашања“.

Тој ја нагласи комуникацијата како клучна алатка во справувањето со кризи и градењето трајни решенија. „Со самитот Стратком, организиран во согласност со визијата на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган, целиме кон развивање заеднички јазик за глобалните прашања, зајакнување на каналите за дијалог и придонесување кон изградбата на поправеден меѓународен систем. Силно веруваме дека овој моќен глас што се издигнува од Истанбул ќе придонесе за мирот и стабилноста во светот“, истакна тој.

На самитот, покрај структурните промени во меѓународниот систем во услови на зголемени геополитички тензии, економска нестабилност и кризи, ќе се разгледа и интензивирањето на глобалната наративна конкуренција.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın