Meltem Bulur,Fatih Hafız Mehmet
12 Август 2016•Ажурирај: 13 Август 2016
АНКАРА (АА) - Ние на безбедноста и стабилноста на Иран гледаме како на безбедноста и стабилноста на Турција, изјави денес во Анкара турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, по состанокот со министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу говореше на прес-конференцијата по средбата со неговиот ирански колега, Зариф, кој денес престојува во посета на Анкара.
Одговарајќи на новинарско прашање, Чавушоглу рече дека бројот на службеници во странство кои не се одзвале на повикот на министерството да се вратат во земјата, во врска со истрагата за обидот за државен удар на насилниот терористички култ ФЕТО, достигнал 32 лица.
Во врска со екстрадицијата на лидерот на ФЕТО, Фетула Ѓулен, во Турција, турскиот министер рече дека тој процес е во тек и дека се подготвуваат досиеја поврзани со обидот за државен удар.
„Почнавме да добиваме позитивни сигнали од САД. Делегацијата на американското министерство за правда на 23 и 24 август, ќе престојува во Турција”, потврди министерот Чавушоглу.
Тој додаде дека потпретседателот на САД, Џо Бајден, и главниот државен секретар на САД Џон Кери, исто така, најавиле дека сакаат да ја посетат Турција, но дека нивното доаѓање сè уште не е потврденo.
Чавушоглу потоа се осврна и на односите меѓу Турција и Иран.
„Безбедноста и стабилноста на Иран ја гледаме како и безбедноста и стабилноста на Турција. Знаеме дека и Иран има таков став”, рече Чавушоглу.
Турскиот министер истакна дека за време на состанокот со Зариф му се заблагодарил на министерот и на целиот ирански народ за поддршката што ѝ ја дадоа на Турција за време на обидот за државен удар на 15 јули, од страна на ФЕТО.
Чавушоглу истакна дека Зариф е министер за надворешни работи со кои најмногу бил во контакт во текот на ноќта на 15 јули, и дека неговиот ирански колега, исто како и тој, не спиел таа ноќ.
- Заеднички став за територијалниот интегритет на Сирија -
Покрај билатералните економски и трговски односи, Чавушоглу изјави дека за време на состанокот со Зариф се разговарало и за регионални теми, првенствено за ситуацијата во Сирија.
„Ние го изразивме нашиот став во однос на прашањето за Сирија. Во наредниот период за овие прашања ќе дискутираме со посилна соработка. Постојат теми во кои се согласуваме, вклучувајќи го и територијалниот интегритет на Сирија. До денес имавме одредени несогласувања, но никогаш не сме го прекинале дијалогот. Ние од почетокот ја нагласуваме структуралната улога на Иран, кога станува збор за решавање на сириското прашање. Истото го сметаме и денес. Многу е важно прашањето за безбедноста на двете земји. Ние на безбедноста и стабилноста на Иран, гледаме како и на безбедноста и стабилноста на Турција”, рече Чавушоглу.