Kağan Burak Özkaya,Süleyman Elçin
12 Јули 2019•Ажурирај: 15 Јули 2019
АНТАЛИЈА (АА) - Во местото Ибради, Анталија, се наоѓа пештерата Алтинбешик, која со прекрасниот поглед на сталактитите и сталагмитите скриени во нејзината внатрешност го привлекува вниманието на туристите, јавува Anadolu Agency (AA).
Пештерата Алтинбешик е со должина од 2.500 метри, а го привлекува вниманието на посетителите благодарение на формираните езерца во нејзината внатрешност.
Во пештерата можете да ги видите чудесните природни сталактити и сталагмити, бело обоените дебели травертински формации, кои од визуелен аспект го формираат најубавиот дел на пештерата. Пештерата е на три нивоа, а домашните и странските туристи имаат можност делот на пештерата во кој е формирано езеро, во должина од 200 метри, кој е отворен за прошетка, да го прошетаат со чамци. За време на прошетката посетителите изработуваат многу фотографии.
Поради ниската температура во внатрешниот дел, илјадниците туристи при прошетката на пештерата имаат можност и да се разладат.
Оваа година Општината Анталија го прошири патот за пристап до пештерата во должина од 5 километри, овозможувајќи пристап до оваа несекојдневна природна убавина и за туристичките автобуси.
