Murat Paksoy
12 Јули 2019•Ажурирај: 13 Јули 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Мурат ПАКСОЈ
Снимките што ги објави Anadolu Agency (AA) ги покажуваат моментите од убиството на Јилмаз Ерџан кого пучистите, членови на терористичката организација ФЕТО, го убија на 15 јули 2016 година, во моментите кога со мотоцикл ги превезувал ранетите сограѓани на мостот преку Босфор во Истанбул.
Од обидот за државен удар во Турција минаа 3 години, а овој настан е оценет како најкрвав терористички напад во историјата на земјата. Ноќта, за време на обидот за државен удар, убиени се 251, а ранети се повеќе од 2.000 лица.
Луѓето низ целиот свет ноќта на 15 јули 2016 година ја следеа борбата на граѓаните на Турција за сочувување на уставниот и демократскиот поредок и институциите во таа земја, откако припадниците на Турските вооружени сили поврзани со терористичката организација ФЕТО се обидоа за изведат државен удар и да ја соборат демократски избраната власт во земјата.
Гледајќи дека предавниците од редовите на ФЕТО отвораат оган на сопствените граѓани, луѓето низ цела Турција на повик на претседателот Реџеп Таип Ердоган излегоа на улиците и им се спротивставија на пучистите.
Еден од оние што се најдоа на улиците ноќта, на 15 јули, беше и 39-годишниот Јилмаз Ерџан.
Тој со својот мотоцикл ги превезуваше ранетите на мостот преку Босфор, денешен мост на „Шехитите од 15 јули“.
На снимката што ја објави Anadolu Agency забележани се моментите во кои пучистите на ФЕТО отвораат оган на Ерџан, кој се движи со својот мотоцикл, по што паѓа и со часови останува неподвижен, сè до утринските часови, кога сограѓаните можеа да пријдат до неговото тело.
- Судска пресуда
Судот во Истанбул поради убиство на 34 лица на мостот преку Босфор, на доживотни казни затвор осуди 72 од вкупно 143 обвинети.
Тие се осудени за обид за рушење на уставниот поредок, а уште 22 пучисти се осудени на по 17 години затвор поради помагање во извршувањето на ова кривично дело. Петмина обвинети се осудени на по 15 години затвор. Судот ослободи 44 обвинети, од кои 43 се војници.
- Обидот за пуч на ФЕТО
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за овој крвав обид за пуч во Турција, ноќта, на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави, а чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.
Членовите на терористичката организација со години местејќи ги испитите, напредуваа во службите, инфилтрирајќи се на тој начин и во државните институции. Потоа, прво во декември 2013 година, низ наместени судски процеси, под обвинение за наводна корупција, членовите на ФЕТО во Турција се обидоа да процесираат бројни високи функционери
Неколку години подоцна следуваше и крвавиот обид на терористите на ФЕТО, кога на 15 јули офицерите на турската Војска приврзани на таа терористичка организација организираа пуч.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја каде што е активна, на што во повеќе наврати укажуваа и турските официјални лица.