Турција

„Нашите беспилотни летала почнаа да служат во контекст на безбедната зона во Сирија“

„Продолжуваат активностите за формирањето на Заеднички оперативен центар во Шанлиурфа, во рамките на планираната безбедносна зона, која треба да биде основана во северот на Сирија во координација со САД“, се вели во соопштението.

Kemal Karadağ  | 14.08.2019 - Обновена : 15.08.2019
„Нашите беспилотни летала почнаа да служат во контекст на безбедната зона во Сирија“

АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека беспилотни летала започнале да служат во контекст на формирање безбедна зона во северна Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Министерството за национална одбрана преку соопштение информираше за планираната безбедна зона во северот на Сирија, во координирација со Соединетите Американски Држави (САД).

„Продолжуваат активностите за формирањето на Заеднички оперативен центар во Шанлиурфа во рамките на планираната безбедносна зона, која треба да биде основана во северот на Сирија во координација со САД. Нашите беспилотни летала почнаа да служат во областа“, се вели во соопштението од Министерството за национална одбрана.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın