Турција

„Мини овошје“ изненадува со својот изглед налик на лубеница

- Мини овошје, произведено од една земјоделска компанија во Анталија, привлекува големо внимание со својот вкус на краставица и изглед на лубеница,

Hatice Özdemir Tosun  | 30.11.2020 - Обновена : 02.12.2020
„Мини овошје“ изненадува со својот изглед налик на лубеница Фото: Мустафа Чифтчи / АА

АНТАЛИЈА

Мини овошје, произведено од една земјоделска компанија во Анталија, привлекува големо внимание со својот вкус на краставица и изглед како лубеница, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во областа Серик во Анталија, на површина од 2.000 хектари се произведуваат минијатурен модар патлиџан, тиквички, краставица, морков, пченка, спанаќ, домат, цвекло, пиперка, рукола, ротквица, грав и кромид. Меѓу овие производи најмногу внимание привлекува производот со големина на слива, а со вкус на краставица.

Овошјето околу 3 години е вклучено во портфолиото од 180 различни производи на компанијата. Тоа ги украсува масите особено во луксузните ресторани и хотелите со 5 ѕвезди во Турција.


- Се работи на нови вкусови

Бурак Акубулут, директор за маркетинг на фирмата во Анталија, за Агенцијата Анадолија (AA) изјави дека тие постојано работат на нови производи.

Акубулут наведе дека особено работат на готвачки ориентирани производи и на нови вкусови и рече дека во оваа насока започнале со производство на производот што пред 3 години го нарекувале „бебе“.

Објаснувајќи дека овошјето мало како слива им дава вкус, арома и визуелна убавина на салатите и десертите, Акубулут рече: „Кога го јадете дава вкус на краставица, а изгледа како лубеница. Луѓето кога ќе го видат прв пат се изненадуваат. Убав производ, има доста побарувачка. Побарувачката секоја година се зголемува. Почнавме да го испраќаме и во странство. Особено се извезува во арапските земји. И ним им се допадна овој производ.“


- Диња со големина на дланка

Акубулут рече дека тие произведуваат и дињи со големина на дланка.

Истакнувајќи дека производот е многу вкусен, Акубулут додаде: „Дињата со големина на дланка обично се сече на половина и се јаде со сладолед. Има прекрасен вкус.“

Наведувајќи дека како компанија се отворени за нови и различни производи, Акубулут нагласи дека ќе продолжат да откриваат различни производи и да ги изненадуваат луѓето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.