Ekipa
23 Јуни 2016•Ажурирај: 23 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Претседастелот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на свеченоста вчера по повод доделувањето на дипломите на Универзитетот „Фатих Султан Мехмет” во Истанбул рече дека во Брисел забрзано разгледуваат што ќе се случи доколку Турција ги отвори вратите за бегалците кон Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседастелот на Република Турција, Ердоган, зборуваше за однесувањето на ЕУ кон Турција и барањата на ЕУ Турција да се придржува до Договорот за реадмисија.
„Наводно, предувапредување до Турција испратил претседателот на Европската комисија. Тој наводно рекол: ‘Доколку Ердоган не го имплементира Договорот за реадмисија на бегалците, тогаш тој ќе мора самиот да му објасни на турскиот народ зошто на Турците не им е дадена можност без визи да патуваат во Европа”. Претседателе на европската комисија, ти очигледно не го познаваш турскиот народ. На овој народ не му е до безвизно патување во Европа. Вие, во моментов во вистинска смисла на зборот сте загрижени за Турција. Размислувате: ‘Што доколку Турција ги отвори вратите и овие бегалци тргнат кон Европа!? Што ќе се случи со нас?‘, рече Ердоган.
Ердоган истакна дека ЕУ не ја прифаќа Турција бидејќи мнозинството во државата го чини муслиманското население.
„Европска унијо, вие нас не нè прифаќате затоа што мнозинството од полулацијата на државата се муслимани. Не можете да докажете дека не е така. Тоа отворено ми го кажа и еден од поранешните министри за надворешни работи на Франција. Со мене тогаш беше и Ахмет Давутоглу. Тоа беше трилатерален состанок и министерот тоа ни го кажа отворено. Тој рече: ‘Вас нема да ве примат во Европската унија. Напразно се залагате.‘ Го запрашав за причината, а тој ми одговори: ‘Затоа што сте муслимани‘.