Bakir Tiro
16 Јуни 2023•Ажурирај: 17 Јуни 2023
ЕНСХЕДЕ (АА) - Фудбалската репрезентација на Шпанија е втор финалист во годинашната УЕФА Лига на нации. Во финалето Шпанија ќе игра против селекцијата на Хрватска, известува Анадолу.
Во второто полуфинале што се одигра синоќа во Енсхеде, Холандија, селекцијата на Шпанија ја совлада Италија со резултат 2:1.
„Црвената фурија“ поведе со голот на Пина во третата минута, откако кардинална грешка направи капитенот на „неоазурите“, Бонучи. Сепак, осум минути подоцна Италија го изедначи резултатот по оправдано досудениот пенал. Прецизен од белата точка беше Имобиле.
Дуелот меѓу двете светски фудбалски велесили е одлучен во 88. минута кога во шеснаесетте метри на Италија најдобро се снајде Хоселу и стана јунак на Шпанија, постигнувајќи погодок и водство од 2:1, резултат со кој заврши средбата.
Во првиот полуфинален натпревар што се одигра во средата во Ротердам, откако во регуларниот дел средбата заврши без победник 2:2, Хрватска во продолженијата од 2 х 15 минути успеа да го совлада домаќинот Холандија со резултат 2:4.
Финалниот натпревар на Final Four на УЕФА Лигата на нации што се одржува во Холандија, закажан е за 18 јуни, недела, со почеток во 20:45 часот. Натпреварот за третото место меѓу Холандија и Италија ќе се одигра истиот ден со почеток во 15:00 часот.