Yunus Kaymaz
23 Февруари 2022•Ажурирај: 25 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Шеснаесетгодишниот индиски шахист Рамешбабу Прагнананда на турнирот на кој учествуваше извојува историска победа над шахистот број 1 во светот, Магнус Карлсен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На онлајн турнирот „Мелтвотер чемпионшип“, (Meltwater Championship) за вкупна награда од 1,5 милиони долари се соочија Индиецот Прагнананда, кој на 10-годишна возраст ја доби титулата „мајстор“ и го собори рекордот и Норвежанецот Карлсен, број 1 во светскиот пласман.
Индискиот шахист, кој стана „велемајстор“ во 2018 година, постигна важен успех победувајќи го својот 31-годишен ривал кој во кариерата има освоено пет светски првенства.
Индиецот Прагнананда својот ривал го победи во 39 потези.
Со тоа Прагнананда стана најмладиот спортист кој го победил Карлсен откако стигна до светската титула во 2013 година.
Шахистот од Норвешка претходно загуби од индиските велемајстори Вишванатан Ананд и Пентала Харикришна.