Selçuk Buğra Gökalp
17 Февруари 2022•Ажурирај: 20 Февруари 2022
АНКАРА (АА) ‒ Сандра Неслунд од Шведска денеска го освои својот прв златен олимписки медал во финалето на женските ски-крос на Зимските олимписки игри, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дваесет и петгодишната актуелна светска шампионка во ски-крос стигна до победата пред Мариел Томсон од Канада, Фани Смит од Швајцарија и Даниела Мајер од Германија.
Смит заврши трета, но беше симната на четврто место поради прекршок по преглед на видео, предавајќи ѝ ја бронзата на Маер.
‒ Гисин го освои вториот златен медал ‒
Мишел Гисин од Швајцарија ја задржа својата олимписка титула во комбинирано алпско скијање.
Гисин (28) заврши со време од 2 минути и 25,67 секунди и го освои своето второ олимписко злато.
Нејзината сонародничка Венди Холендер го освои среброто со време од 2:26,72, а по неа следуваше Федерика Брињоне од Италија со 2:27,52.