Doğa Kırmızıoğlu
24 Февруари 2022•Ажурирај: 25 Февруари 2022
АНКАРА (АА) ‒ УЕФА утре ќе одржи вонредна седница на која ќе се разговара за воената интервенција на Русија во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека Извршниот комитет на УЕФА ќе одржи вонредна седница утре во 12:00 часот по средноевропско време со цел да ја оцени ситуацијата меѓу Русија и Украина.
Се нагласува дека по средбата „може да се донесат неопходни одлуки“ на оваа тема, но не се соопштени детали.
Се очекува да се промени местото на финалето во Лигата на шампионите, кое требаше да се одигра на Стадионот „Крестовски“ во Санкт Петербург, на 28 мај.
Британскиот премиер Борис Џонсон во својот говор во Парламентот истакна дека „во Русија, која ги окупира суверените земји, не може да се организира фудбалски натпревар“.
Од друга страна, градоначалникот на Лондон, Садик Кан, упатувајќи повик финалето да не се одигра во Санкт Петербург, рече дека тие се подготвени да бидат домаќини на натпреварот.
УЕФА го одложи и натпреварот од Младинската лига, кој требаше да се одигра во Киев в среда, на 2 март, меѓу Динамо Киев и Спортинг Лисабон.