Admir Fazlagic
14 Јуни 2017•Ажурирај: 15 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Илчо Ѓорѓиоски заедно со претседателот на УЕФА Александар Чеферин ќе бидат доделувачи на пехарот и медалите за финалето на Супер Куп натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед кое ќе се одигра на 8. август на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што соопштуваат од Фудбалската федерација на Македонија, првиот човек на македонскиот фудбал имал средба со претставниците на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, Емилио Бутрагењо и Луис Саха, кои беа присутни на првата прес-конференција по повод големиот натпревар кој ќе се игра во Скопје.
„Големите ѕвезди на светскиот фудбал повторно ја искажаа увереноста дека натпреварот ќе биде вистински спектакл, а Фудбалската федерација на Македонија и градот Скопје одлични домаќини на настанот", велат од ФФМ.