Dejan Maksimoviç
23 Ноември 2018•Ажурирај: 24 Ноември 2018
ЛОНДОН (АА) - Британските и италијанските медиуми јавуваат дека лондонски Челзи сака да го доведе турскиот фудбалер Џенгиз Ундер од Рома. Наводно, „сините“ подготвиле понуда од 35 милиони евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Менаџерот Маурицио Сари и лондонскиот клуб се одлучни во намерата да го доведат талентираниот репрезентативец на Турција. Ундер се поврзува со заминувањето од Рома веќе во јануарскиот преоден рок, но за него, освен Челзи, е заинтересиран и минхенски Баерн.
Рома го доведе 21-годишниот крилен напаѓач во летото 2017 година од Башакшехир за 13,4 милиони евра. За „волчицата“ одигра 42 натпревари и постигна 11 гола. Во дресот на репрезентацијата на Турција настапи десет пати со четири погодоци.