Doga Kirmizioglu
26 Јуни 2019•Ажурирај: 27 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Прв меѓу фудбалерите кои во последните пет месеци најмногу добија на вредност во Европа е Џејдон Санчо од германскиот клуб Борусија Дортмунд, пишува Anadolu Agency (AA).
КПМГ спроведе истражување за фудбалските ѕвезди, чија вредност најмногу се зголемила во последните пет месеци. На прво место меѓу фудбалерите кои се најбарани во летниот период, со вредност од 95,7 милиони евра е Џејдон Санчо.
На 19-годишниот Англичанец, кој во сезоната што измина во дресот на Борусија Дортмунд постигна 13 гола, во последните пет месеци пазарната вредност му е зголемена за 49,6 милиони евра и се најде на врвот од листата.
- Шпанските екипи ги вметнаа во своите редови ѕвездите чија вредност е во подем -
По Џејдон Санчо, втор на листата се наоѓа Лука Јовиќ, за чиј трансфер Реал Мадрид плати 60 милиони евра. Српскиот напаѓач, кој минатата сезона се натпреваруваше во дресот на Ајнтрахт Франкфурт, со зголемување на пазарната вредност од 45,1 милион евра, достигна цена од 66,4 милиони.
На третата позиција се наоѓа Холанѓанецот Френки де Јонг (22), играч од средниот ред. Холанѓанецот, со зголемување на својата вредност од 39,4 милиони евра, достигна цена од 81,9 милиони евра. Де Јонг за сума од 75 милиони евра од Ајакс премина во редовите на Барселона.
- Својата вредност ја зголеми и Ван Дијк -
Првотимецот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк, е единствениот фудбалер на листата кој е на возраст над 25 години. Холанѓанецот, кој се посочува како еден од најдобрите стопери во светот, својата пазарна вредност ја зголеми за 30,5 милиони евра и во моментов вреди 98,4 милиони евра. Неговиот клупски колега Трент Александер Арнолд, својата вредност ја зголеми за 38,4 милиони евра и во моментов вреди 80,8 милиони.