Dejan Maksimoviç
07 Октомври 2017•Ажурирај: 07 Октомври 2017
САРАЕВО (АА) - Натпреварите од деветото коло од квалификациските групи „А”, „Б” и „Х” кои се на програмата вечерва би требало да донесат многу возбудувања, но тешко е дека по ова коло ќе бидат познати учесниците на Светското првенство во фудбал кое 2018 година ќе се одржи во Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ситуацијата во сите три споменати групи е доста комплицирана. Единствено Белгија, која на „Грбавица” ѝ гостува на Босна и Херцеговина ја осигура визата за Русија. Избраниците на Мехмед Баждаревиќ ќе се обидат со триумф, да ја одржат надежта за евентуално учеество во баражот.
Швајцарија и Франција во своите групи ќе се обидат да ги сочуваат лидерските места и во последното коло да обезбедат пласман на Мунијалот.
Во групата „А” Франција со киксот во изминатот коло против Луксембург се доведе во незавидна ситуација. На „триколорите” им е неопходна победа во Софија против Бугарија, за да го задржат првото место во групата, три дена пред одигрувањето на последното коло.
Своја шанса чека Шведска, која на домашен терен не би требало да има проблеми против Луксембург. Моментално Шведска има 1 поен помалку од Франција, така да борбата за првата позиција во ова група може да биде неизвесна до последната минута од последното десето коло.
Во групата „Б” сигурно е дека единствено репрезентациите на Швајцарија и Португалија ќе се борат за директен пласман на СП во Русија. Онаа репрезентација која нема да успее во тоа, сигурно ќе игра бараж. Швајцарија во моментов е во предност, бидејќи има 3 поени предност пред Португалија.
Швајцарија на домашен терен ја дочекува Унгарија. Португалија има лесно гостување во Андора, каде се осен убедлива победа на Кристијано Роналдо и неговите соиграчи би било сензација. Затоа се очекува победникот во групата „Б” да го одлучи директниот дуел меѓу Португалија и Швајарија во последното коло во Лисабон.
Во групата „Х”, како што спомнавме, БиХ ја дочекува Белгија, а Грција се надева на триумф на Белгија, бидејќи тогаш и таа со победа над Кипар, може да се вклучи во борбата за бараж. Во третиот натпревар од оваа група, Гибралтар на домашен терен ја пречекува Естонија.
Термини на одигрување на натпреварите и табеларен приказ по групи
Група „А”
18:00 Шведска - Луксембург
20:45 Белорусија - Холандија
20:45 Бугарија - Франција
Табела
1. Франција 17
2. Шведска 16
3. Холандија 13
4. Бугарија 12
5. Луксембург 5
6. Белорусија 5
Група „Б”
18:00 Фарски Острови - Летонија
20:45 Андора - Португалија
20:45 Швајцарија - Унгарија
Табела
1. Швајцарија 24
2. Португалија 21
3. Унгарија 10
4. Фарски Острови 8
5. Андора 4
6. Летонија 3
Група „Х”
18:00 Гибралтар - Естонија
18:00 БиХ - Белгија
20:00 Грчка администрација Јужен Кипар - Грција
Табела
1. Белгија 22
2. БиХ 14
3. Грција 13
4. Грчка администрација Јужен Кипар 10
5. Естонија 8
6. Гибралтар 0