Murat Ünlü
01 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
ПАРИЗ (АА) - Најмалку 18 навивачи се повредени, меѓу кои тројца потешко, откако се урна заштитна ограда на трибините на стадинотот „Стад де ла Ликорн“, за време на средбата од првата француска лига меѓу Амиенс и Лил, јавува Anadolu Agency (AA).
Амиенс во рамките на 8. коло на француската лига ја угости екипата на Лил, а гостите водеа во 15. минута со гол на Фоде Бало-Туре. Славењето на навивачите на Лил не траеше долго, бидејќи се урна заштитната ограда на дел од трибината од страната на гостувачките навивачи.
Како последица на несреќата некои од навивачите претрпеа пад од неколку метри височина, а најмалку 18 лица се повредени. Според информациите од пожарникарната служба, која беше на стадионот, три лица се во критична состојба.
Поради несреќата натпреварот е прекинат.