Hüseyin Burak Demirer
01 Април 2023•Ажурирај: 02 Април 2023
ИСТАНБУЛ (АА) – На холандскиот возач на Формула 1, кој се натпреварува во болидот на Ред Бул, Макс Верстапен, му припадна првата стартна позиција за утрешната трета трка во сезоната што ќе се вози во Австралија, јавува Анадолу.
На патеката Алберт Парк во Мелбурн денес се возеше трката за пол-позицијата, а на патеката долга 5,2 километри најдобро време на минување имаше Верстапен.
Холанѓанецот постигна време од 1.16.732, со што ја освои 22. пол-позиција во кариерата. Втор на Алберт Парк утре ќе стартува Британецот Џорџ Расел од тимот на Мерцедес, кој зад Верстапен заостана 0,236 секунди.
Третото стартно место во Мелбурн му припадна на британскиот пилот, исто така, од тимот на Мерцедес, Луис Хамилтон, со заостанување од 0,372 секунди зад првопласираниот.
Трката во 58 круга се вози утре во 7 часот по централноевропско време.