Mutlu Demirtaştan
06 Мај 2022•Ажурирај: 07 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со петтата трка во сезоната која ќе се одржи во САД, јавува Агенција Анадолија (АА).
За Големата награда на Мајами (Miami Grand Prix) на патеката „Мајами“, која е долга 5,4 километри и се наоѓа во Мајами, возачите ќе треба да извозат 57 круга.
В сабота со почеток во 22:00 часот ќе се одржи трката за полпозиција, а трката за Големата награда на Мајами е закажана за в недела, 8 мај, со почеток во 21:30 часот.
Пред трката на пистата во Мајами, пласманот на возачите и тимовите е следниот:
Пласман на возачи:
1. Шарл Леклер (Монако): 86 поени
2. Макс Верстапен (Холандија): 59 поени
3. Серџо Перез (Мексико): 54 поени
4. Џорџ Расел (Велика Британија): 49 поени
5. Карлос Саинс (Шпанија): 38 поени
Пласман на тимовите:
1. Ферари: 124 поени
2. Ред Бул: 113 поени
3. Мерцедес: 77 поени
4. Мекларен: 46 поени
5. Алфа Ромео: 25 поени