спорт

Формула 1 викендов патува во Јапонија

Трката на меѓународната патека Сузука долга 5,8 километри ќе се вози во 53 круга

Emre Aşıkçı  | 05.04.2024 - Обновена : 06.04.2024
Формула 1 викендов патува во Јапонија

ИСТАНБУЛ (АА) – Јапонија в недела ќе биде домаќин на 4. трка од Светското првенство во Формула 1 за сезоната 2024, јавува Анадолу.

Трката на меѓународната патека Сузука долга 5,8 километри ќе се вози во 53 круга.

Пред трката, в сабота ќе се вози квалификациската фаза. Трката в недела ќе започне во 05:00 GMT.

Макс Верстапен од Ред Бул Рејсинг победи на првите две трки од сезоната во Бахреин и Саудиска Арабија, со што постигна серија од девет победи.

Возачот на Ферари, Карлос Саинц, ја извојувa првата победа сезонава во Австралија, што не е на Ред Бул, во 3-тата трка.

- Топ 5 возачи за сезоната 2024

1 - Макс Верстапен (Холандија): 51

2 - Шарл Леклер (Монако): 47

3 - Серхио Перез (Мексико): 46

4 - Карлос Саинц (Шпанија): 40

5 - Оскар Пјастри (Австралија): 28

- Пласман на конструктори

1 - Ред Бул Рејсинг Хонда Рбпт: 97

2 - Ферари: 93

3 - Мекларен Мерцедес: 55

4 - Мерцедес: 26

5 - Астон Мартин Арамко Мерцедес: 25

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın