Zafer Göder
28 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
БОЛУ (АА) - Фудбалскиот клуб „Шкупи“ од Првата македонска лига, во рамките на подготовките за новата сезона, одигра нерешено против фудбалскиот клуб „Левадија“ од Првата фудбалска лига на Естонија (Меистрилига), со резултат 1:1, јавува Anadolu Agency (AA).
Шкупи кој се наоѓа на летен камп во турскиот град Болу во рамките на подготовките за новата сезона, одигра пријателски меч против клубот Левадија кој се наоѓа на летен камп во еден хотел во подрачјето на Караџасу.
Двете екипи не успеаја да постигнат погодок во првото полувреме на натпреварот.
Во второто полувреме на мечот, двата клуба играа со нов состав. Шкупи успеа да постигне погодок во 62. минута на мечот, додека естонскиот клуб во 80. минута го израмни резултатот, со што натпреварот заврши со нерешен резултат 1:1.