Mehmet Emin Gürbüz
20 Јуни 2022•Ажурирај: 21 Јуни 2022
БОЛУ (АА) - Клубот од македонската прва фудбалска лига, Шкупи, е на подготовки во турската област Болу за квалификациите на Лигата на шампионите во УЕФА, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тимот на Шкупи, кој на 5 јули ќе игра против гибралтарскиот клуб Линколн Ред Импс во рамки на првото коло од овие квалификации, продолжува со подготовки во Болу.
Претседателот на клубот, Олгун Ајдин, ги следеше утринските тренинзи на фудбалерите на Шкупи.
Ајдин во изјава за медиумите истакна дека се шампиони во Северна Македонија.
Нагласувајќи дека сите кампови ги реализирале во Турција, Ајдин рече дека тука ќе престојуваат 10-12 дена, а потоа ќе започне периодот на Лигата на шампионите.
Ајдин истакна дека во текот на кампот ќе играат меч за подготовка, и додаде: „Во среда, на 25 и на 30 ќе се одиграат натпревари. После тоа се враќаме.“