Doğa Kırmızıoğlu
15 Јули 2020•Ажурирај: 18 Јули 2020
АНКАРА (АА) - ФИФА поради епидемиолошката ситуација во светот предизвикана од новиот вид коронавирус, донесе одлука правилото кое овозможува замена на пет играчи за време на натпреварот да важи до 31 јули 2021 година, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението ФИФА наведува дека е донесена одлука рокот на правилото за право на промена на пет играчи, кое стапи на сила на 8 мај 2020 година, да се продолжи до крајот на сезоната 2020-2021.
Споменатото правило ќе се однесува и на меѓународните натпревари што ќе се играат во август 2021 година. Благодарение на ова правило, репрезентациите на Европското фудбалско првенство 2020 (ЕВРО 2020) и Копа Америка, ќе можат да прават пет измени.