Doğa Kırmızıoğlu
26 Мај 2022•Ажурирај: 27 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Во финалето на Европската конференциска лига на УЕФА, Рома го освои купот победувајќи го Фејенорд со 1-0, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Организиран за прв пат оваа сезона, на натпреварот број три во европскиот фудбал на клупско ниво, во финалето одигран во Тирана, главниот град на Албанија се сретнаа италијанскиот претставник Рома и холандскиот Фејенорд.
Во натпреварот кој започна со борбата во средниот ред, Рома во својот прв поопасен напад постигна гол. Заниоло, во 32. минута од натпреварот ја искористи грешката во одбраната на Фејенорд и го постигна единствениот гол на натпреварот.
Откако Фејенорд не успеа да развие ефектен напад во преостанатите минути, Рома првото полувреме го заврши со предност од 1:0.
Екипата на Фејенорд на почетокот од второто полувреме во 47. и 50. минута многу се доближи до голот.
Во останатите минути од натпреварот Рома се бранеше добро и на противникот не му даде шанса да го израмни резултатот, со тоа натпреварот го доби со конечните 1:0 и стигна до пехарот.