Mutlu Demirtaştan
27 Мај 2022•Ажурирај: 29 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Возбудувањата во Светскиот шампионат во Формула 1 продолжуваат со седмата трка сезонава, Големата награда на Монако, јавува Агенција Анадолија (АА).
На трката во Монако возачите на Формула 1 ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе ги извози 78-те круга на патеката долга 3.337 метри која го носи името на градот.
Квалификациите за полпозициите за ГП Монако се закажани за в сабота во 16 часот, а стартот на трката е в недела на 29 мај во 15 часот.
Во досегашниот тек од Светското првенство во Формула 1, Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, извојува четири победи, а Шарл Леклер од Ферари двапати се искачи на победничкиот подиум.
Пласман на првите петмина возачи и тимови во Формула 1 според резултатите постигнати на претходните шест трки:
Возачи
1. Макс Верстапен (Холандија): 110 поени
2. Шарл Леклер (Монако): 104 поени
3. Серџо Перез (Мексико): 85 поени
4. Џорџ Расел (Велика Британија): 74 поени
5. Карлос Саинс (Шпанија): 65 поени
Тимови
1. Ред Бул: 195 поени
2. Ферари: 169 поени
3. Мерцедес: 120 поени
4. Мекларен: 50 поени
5. Алфа Ромео: 39 поени