Doga Kirmizioglu
24 Јули 2018•Ажурирај: 25 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Еден од најдобрите тенисери во светот, Швајцарецот Роџер Федерер, изјави дека нема да настапи на Роџерс купот, кој ќе се одржи следниот месец во Канада, јавува Anadolu Agency (AA).
Федерер истакна дека оваа одлука ја донел поради годините.
„Беше одлично минатaта година во Монтреал, и секогаш уживам да играм пред канадските навивачи, но, за жал, распоредот е клучен за мојот напредок. Со жалење одлучив да се повлечам од Торонто оваа година“, изјави Федерер.
Додаде дека му е жал што ќе го пропушти натпреварот.
Федерер, кој на 8 август ќе го прослави 37. роденден, на „Australian Open“ одржан во јануари, ја освои 20. грен-слем титула.
Роџерс купот ќе се одржи од 4 до 12 август во Торонто.