Berad Büyük,Oktaj Omeragik
02 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
СКОПЈЕ
Новак Ѓоковиќ, првиот носител на УСА Опен, последниот овогодишен грен слем турнир, го предаде мечот од осминафиналето против Станислас Вавринка, 23. носител на турнирот, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа и утрово се играа осминафиналните натпревари на грен слем турнирот УСА Опен. Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во осминафиналето се сретна со Швајцарецот Станислас Вавринка. Откако ги загуби првите два сета со 4 : 6 и 5 : 7, при резултат 1 : 2 за Вавринка, Ѓоковиќ го предаде мечот со образложение дека има болки во рамото, на кои се жали уште од почетокот на турнирот. Со оваа победа Вавринка обезбеди пласман во четвртфиналето, каде што ќе се сретне со рускиот тенисер Даниел Медведев.
Со поразот на Ѓоковиќ, кој е минатогодишен шампион на УСА Опен, годинава овој турнир ќе добие нов шампион.
Во преостанатите три средби пласман во четвртфиналето изборија Швајцарецот Роџер Федерер, Бугаринот Димитров и Русинот Медведев.
Роџер Федерер - Д. Гофин 3 : 0 (6 : 2, 6 : 2, 6 : 0)
Доминик Кефер - Даниел Медведев 1 : 3 (6 : 3, 3 : 6, 2 : 6, 6 : 7 [2 : 7])
Григор Димитров - А. де Минаур 3 : 0 (7 : 5, 6 : 3, 6 : 4)
- Пораз на втората и третата носителка на турнирот
Најголемо изненадување во осминафиналето на турнирот претставуваше поразот на Американката Ешли Барти, 2. носителка на турнирот, од Кинезинката Кианг Ванг, 18. носителка на турнирот. Ванг со 2 : 0 во сетови (6 : 2 и 6 : 4 по сетови) ја совлада Барти и се пласираше во четвртфиналето на УСА Опен.
Второ големо изненадување приреди Британката Јохана Конта, 16. носителка на турнирот. Конта во осминафиналето, со 2 : 1 во сетови (6 : 7 [1 : 7], 6 : 3 и 7 : 5) ја совлада 3. носителка, чешката тенисерка Каролина Плишкова.
Украинката Елина Свитолина, 5. носителка, играше против Американката Медисон Киз, 10. носителка. Свитолина извојува пласман во четвртфиналето со победата над Киз од 2 : 0 (7 : 5 и 6 : 4 во сетови).
Серена Вилијамс, 8. носителка на турнирот, во осминафиналето се сретна со Хрватката Петра Мартиќ. Вилијамс не дозволи изненадување и со 2 : 0 во сетови (6 : 3 и 6 : 4 по сетови) извојува победа и пласман во четвртфиналето на УСА Опен.