спорт

УЕФА поради Ковид-19 ги одложи сите натпревари помеѓу националните екипи планирани за јуни

Донесена е одлука да се одложат сите натпревари помеѓу националните селекции во женска и машка репрезентација, кои беа планирани да се одиграат во јуни

Abdulkadir Karakaya  | 01.04.2020 - Обновена : 02.04.2020
УЕФА поради Ковид-19 ги одложи сите натпревари помеѓу националните екипи планирани за јуни

АНКАРА (АА) - УЕФА ги одложи сите натпревари помеѓу националните екипи кои беа планирани да се играат во јуни, вклучувајќи го и плејофот за Европското првенство во 2020 година (ЕУРО 2020), поради појавата на новиот вид коронавирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од УЕФА беше наведено дека на седницата одржана преку видеоконференциска врска на која учествувале 55 федерации на земји, донесена е одлука да се одложат сите натпревари помеѓу националните селекции во женска и машка репрезентација, кои беа планирани да се одиграат во јуни. За времето на одигрување на натпреварите ќе има известување дополнително.

Исто така, се нагласува дека во овој контекст, одложени се и плејоф-натпреварите за Европското фудбалско првенство во 2020 година (ЕВРО 2020) и квалификациите за Европското фудбалско првенство за жени во 2021 година.

Наведено е дека сите натпревари во рамките на организацијата на УЕФА, вклучително и подготвителните натпревари, ќе бидат одложени. За терминот на одигрување на натпреварите, УЕФА ќе информира дополнително.

Забележано е дека се одложени и датумите поставени за регистрација на клупските организации во сезоната 2020-2021 година.

Во соопштението на УЕФА посочено е дека поради неизвесноста создадена од коронавирусот, суспендирани се датумите за лиценцирање и финансискиот статус на клубовите за сезоната 2020-2021 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın