Yunus Kaymaz
26 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Синоќа се одиграа 8 натпревари од 4. коло во групите А, Б, Ц и Д на најпрестижното фудбалско клупско натпреварување во Европа, УЕФА Лигата на шампиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во групата Б, Интер на домашен терен го пречека Реал Мадрид. Гостите славеа со 0:2, а победата на шпанскиот клуб му ја донесоа Еден Азар во 7. минута со погодок од белата точка и Родриго со погодокот постигнат во 59. минута.
Во групата Д, Ливерпул на домашен терен ја пречека Аталанта. Гостите со погодоците постигнати во рок од 4 минути го совладаа домаќинот со 0:2. Стрелци за Аталанта беа Јосип Иличиќ во 60. и Робин Госенс во 64. минута од средбата.
Во групата А, актуелниот шампион Баерн Минхен на домашен терен со резултат 3:1 го совлада Салцбург, гарантирајќи го својот пласман во наредната фаза на Лигата на шампиони.
Погодоците за Баерн ги постигнаа Роберт Левандовски во 42., Кингсли Коман во 52. и Лирој Шејн во 68. минута од натпреварот.
Резултати од синоќа одиграните средби по групи:
Група А
Баерн Минхен - Салцбург 3:1
Атлетико Мадрид - Локомотив Москва 0:0
Група Б
Борусија Менхенгладбах - Шахтјор Донецк 4:0
Интер - Реал Мадрид 0:2
Група Ц
Олимпијакос - Манчестер Сити
Олимпик Марсеј - Порто 0:2
Група Д
Ајакс - Мидтјиланд 3:1
Ливерпул - Аталанта 0:2