Fatih Erel
02 Ноември 2022•Ажурирај: 03 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ
Во УЕФА Лигата на шампиони, најзначајното европско фудбалско клупско натпреварување, се одиграа последните натпревари од групната фаза во групите А, Б, Ц и Д, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тимовите кои ги зазедоа првите две места во групите обезбедија директен пласман во осминафиналето на УЕФА ЛШ. Тоа се Порто, Баерн Минхен, Наполи и Тотенхем како лидери во групите и екипите на Клуб Бриж, Ливерпул, Интер и Ајнтрахт Франкфурт како второпласирани во групите.

Според системот на елиминација во два меча, УЕФА Лигата на шампиони ќе продолжи со осминафиналните натпревари на 14 и 15 и на 21 и 22 февруари 2023, додека реванш-средбите се закажани на 7 и 8 и на 14 и 15 март 2023 година.
Денеска на програмата се последните натпревари од групната фаза во групите Е, Ф, Г и Х.
Се среќаваат:
18:45 Реал Мадрид - Селтик
18:45 Шахтјор - РБ Лајпциг
21:00 Макаби Хаифа - Бенфика
21:00 Манчестер Сити - Севиља
21:00 Милан - Салцбург
21:00 Јувентус - ПСЖ
21:00 Копенхаген - Борусија Дортмунд
21:00 Челси - Динамо Загреб
Резултати од последните натпревари во групите А, Б, Ц и Д:
Порто - Атлетико Мадрид 2:1
Баер Леверкузен - Клуб Бриж 0:0
Ливерпул - Наполи 2:0
Ренџерс - Ајакс 1:3
Баерн Минхен - Интер 2:0
Викторија Плзен - Барселона 2:4
Спортинг Лисабон - Ајнтрахт Франкфурт 1:2
Олимпик Марсеј - Тотенхем 1:2