Doga Kirmizioglu,Oktaj Omeragik
10 Јули 2019•Ажурирај: 10 Јули 2019
СКОПЈЕ
Синоќа се одиграа 8 натпревари од првата елиминациска фаза за сезоната 2019/20 во УЕФА Лигата на шампиони, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставникот на Северна Македонија во првиот натпревар од елиминациската фаза гостуваше на теренот на Хоме Каљу во Талин, Естонија. Победоносниот погодок за Шкендија го постигна Агим Ибраими во 81. минута од натпреварот, со удар од белата точка.
Првата елиминациска фаза на најпрестижното фудбалско натпреварување во Европа завршува денес по одигрувањето на преостанатите 8 средби. Реванш-натпреварите се закажани за 16 и 17 јули.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Хоме Каљу - Шкендија 0 : 1
Астана - Клуж 1 : 0
Арарат - АИК 2 : 1
Хелсинки - Торшавн 3 : 0
Сараево - Селтик 1 : 3
Д Њу Сеинтс - Фероникели 2 : 2
Ф91 Деделанж - Валета 2 : 2
Судува - Црвена ѕвезда 0 : 0
Денес на програмата се натпреварите:
17:30 Партизани - Карабах
19:00 Шериф - Сабуртало
19:00 БАТЕ - Пјаст Гливице
20:00 Ференцварош - Лудогорец
20:15 Слован Братислава - Сутјеска Никшиќ
20:45 Линфилд - Розенборг
20:45 Дандалк - Рига
22:00 Валур - Марибор