Emre Doğan
15 Ноември 2020•Ажурирај: 16 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Фудбалската репрезентација на Турција вечерва во Истанбул во натпреварот од УЕФА Лигата на нации „Б" ја совлада Русија, со резултат 3:2, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со овој триумф во петото коло од групата „3” Турците стигнаа до опстанокот во УЕФА Лига на нации „Б”, а во зависност од исходот на дуелот на Унгарија и Србија, би можеле да се вклучат и во борба за влез во повисок ранг.
Турција до победата стигна по пресвртот кој следуваше откако гостите во 11. минута поведоа со погодокот на Денис Черишев. Меѓутоа, во 24 минута Андреј Семанов доби црвен картон, што домашниот тим знаеше да искористи. Само две минути подоцна Кенан Караман го израмни резултатот на 1:1 за да во 32. минута Ченгиз Ундер донесе водство за избраниците на Шенол Ѓунеш.
Во второто полувреме Турција победата ја потврди во 52 минута, кога Џенк Тосун реализираше пенал. До крајот на натпреварот Русите успеаа да го ублажат поразот на конечните 2:3, а стрелец во 57 минута беше Далер Кузјаев.