спорт

УЕФА Лига Европа: Победи на Челзи, Наполи, Виљареал, Рен, Динамо и Валенсија

- Во првите средби од осминафиналето на Лига Европа, Рен го совлада Арсенал со 3 : 1, Франкфурт одигра нерешено 0 : 0 со Интер, додека Челзи и Наполи извојуваа убедливи победи од 3 : 0 против Динамо Киев и Салцбург

Oktaj Omeragik  | 08.03.2019 - Обновена : 09.03.2019
УЕФА Лига Европа: Победи на Челзи, Наполи, Виљареал, Рен, Динамо и Валенсија ( Stipe Majic - Anadolu Ajansı )

СКОПЈЕ (АА) - Синоќа се одиграа првите натпревари од осминафиналето на УЕФА Лига Европа, јавува Anadolu Agency (AA).

Во рамките на осминафиналето на УЕФА Лига Европа, синоќа се одиграа 8 натпревари.

Рен како домаќин го совлада Арсенал со 3 : 1, Ајнтрахт Франкфурт одигра нерешено 0 : 0 со Интер, додека Челзи и Наполи извојуваа убедливи победи од 3 : 0 против Динамо Киев и Салцбург.

Кој ќе се пласира во четвртфиналето на УЕФА Лига Европа ќе се знае по реванш-средбите закажани за 14 март.

Резултати од синоќешните натпревари:

Севиља - Славија Прага 2 : 2

Динамо Загреб - Бенфика 1 : 0

Ајнтрахт Франкфурт - Интер 0 : 0

Зенит - Виљареал 1 : 3

Рен - Арсенал 3 : 1

Челзи - Динамо Киев 3 : 0

Наполи - Салцбург 3 : 0

Валенсија - Краснодар 2 : 1

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.