Dejan Maksimovic
04 Декември 2021•Ажурирај: 06 Декември 2021
МАДРИД
Тенисерите на Хрватска со победата од 2:1 над Србија во Мадрид се пласираа во финалето на Дејвис купот, известува Агенција Анадолија (АА).
Полуфиналниот дуел Хрватска го започна со изненадувачки триумф на аутсајдерот Борна Гојо против Душан Лајовиќ. Во извонреден натпревар Гојо извојува победа од 2:1 (по сетови 4:6, 6:3, 6:2) и на Хрватска ѝ го донесе водството од 1:0.
Во тимот на Србија се врати првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ, кој без поголеми потешкотии го надигра најдобриот хрватски тенисер Марин Чилиќ со 2:0 (по сетови 6:4, 6:2), изедначувајќи го резултатот на 1:1.
На тој начин остана победникот на дуелот меѓу Хрватска и Србија да го одлучи натпреварот во двојки. Хрватскиот пар Мате Павиќ и Никола Мектиќ, воедно и најдобриот тениски пар во светот, немаше милост кон српската комбинација Ѓоковиќ и Филип Крајиновиќ. Хрватите славеа со убедливи 2:0 (по сетови 7:5, 6:1).
Хрватска во финалето на Дејвис купот ќе се состане со победникот од вториот полуфинален дуел во кој се среќаваат Русија и Германија.