Fatih Erel
03 Декември 2021•Ажурирај: 05 Декември 2021
ИСТАНБУЛ
Саудиска Арабија ќе биде домаќин на 21. трка сезонава, претпоследната во Светскиот шампионат во Формула 1, известува Агенција Анадолија (АА).
Трката ќе се одржи на патеката „Џеда“, долга 6.174 метри во градот Џеда. Возачите на Формула 1 ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе ги извози 50-те круга на патеката за Големата награда на Саудиска Арабија.
Трката за полпозициите ќе се одржи во сабота со почеток во 18:00 часот, а стартот на трката за Големата награда на Саудиска Арабија ќе започне во 18:30 часот в недела на 5 декември.
Љубителите на Формула 1 оваа сезона се сведоци на големо ривалство во трката за шампионската титула и во категоријата на возачи и во категоријата на тимови.
Макс Верстапен од тимот на Ред Бул Хонда извојува победи на девет досегашни трки, а Луис Хамилтон од Мерцедес, актуелниот шампион во Формула 1, победи на седум трки. По една победа во Формула 1 оваа сезона извојуваа Серхио Перез (Ред Бул Хонда), Естебан Окон (Алпин), Даниел Рикардо (Мекларен-Мерцедес) и Валтери Ботас (Мерцедес).
Мерцедес како тим во досегашните трки постигна осум победи, додека тимот на Ред Бул-Хонда победи на 10 трки.
Пласманот на првите пет возачи и тимови во Формула 1 пред трката за Големата награда на Саудиска Арабија изгледа вака:
Возачи
1. Макс Верстапен (Холандија): 351,5 поени
2. Луис Хамилтон (Велика Британија): 343,5 поени
3. Валтери Ботас (Финска): 203 поени
4. Серхио Перез (Мексико): 190 поени
5. Ландо Норис (Велика Британија): 153 поени
Тимови
1. Mерцедес: 546,5 поени
2. Ред Бул: 541,5 поени
3. Ферари: 297,5 поени
4. Мекларен: 258 поени
5. Алпин: 137 поени