Admir Fazlagic
10 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Министерот Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со Жељко Павлица и Франк Вијнвелд, претставниците на УЕФА кои се вклучени во организацијата на финалето од претстојниот Супер куп на УЕФА, што треба да се одигра на 8 август во Скопје меѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што информираат од министерството за внатрешни работи на Република Македонија, на средбата министерот Спасовски посочил дека сите расположливи капацитети ќе бидат ставени на располагање со цел овој голем спорски настан да помине во најдобар ред.
„Министерот Спасовски на претставниците на УЕФА им соопшти дека сите расположливи капацитети на МВР ќе бидат ставени на располагање за успешна организација на овој настан. Претставниците на УЕФА го потенцираа огромното значење на МВР за организација на овој натпревар", информираат од МВР.