спорт

Следната трка во Формула 1 ќе се одржи викендов во САД

- Во Формула 1 оваа сезона, Оскар Пјастри од Мекларен извојува 7 победи, Ландо Норис има 5, бранителот на титулата, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, има 4, а Џорџ Расел од Мерцедес има 2.

Yunus Kaymaz  | 17.10.2025 - Обновена : 19.10.2025
Следната трка во Формула 1 ќе се одржи викендов во САД

ЛОНДОН (АА) - Возбудувањата во Светското првенство во Формула 1 продолжуваат со 19-тата трка оваа сезона, трката за Големата награда на САД, известува Анадолу.

На трката, што ќе се одржи на патеката долга 5.513 метри во Остин, главниот град на Тексас, пилотите на Формула 1 ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе ги извози 56-те круга. Квалификациите ќе започнат в сабота вечер во 23:00 часот по средноевропско време, а самата трка ќе започне в недела, во 21:00 часот по средноевропско време.

Во Формула 1 оваа сезона, Оскар Пјастри од Мекларен извојува 7 победи, Ландо Норис има 5, бранителот на титулата, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, има 4, а Џорџ Расел од Мерцедес има 2.

Пласманот на првите пет возачи и конструктори пред Големата награда на САД е следен:


- Пилоти

1. Оскар Пјастри (Австралија): 336

2. Ландо Норис (Велика Британија): 314

3. Макс Верстапен (Холандија): 273

4. Џорџ Расел (Велика Британија): 237

5. Шарл Леклер (Монако): 173



- Тимови

1. Мекларен: 650

2. Мерцедес: 325

3. Ферари: 298

4. Ред Бул: 290

5. Вилијамс: 102.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın