спорт

Следната станица на Формула 1: Италија

- За Големата награда „Емилија-Ромања“ (Emilia-Romagna Grand Prix) на патеката „Имола“ која се наоѓа во италијанскиот град Имола и е долга 4.909 метри, возачите ќе треба да извозат 63 круга.

Abdulkadir Karakaya  | 16.04.2021 - Обновена : 16.04.2021
Следната станица на Формула 1: Италија

ИСТАНБУЛ

Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со втората трка во сезоната која ќе се одржи во Италија, јавува Агенција Анадолија (АА).

За Големата награда „Емилија-Ромања“ (Emilia-Romagna Grand Prix) на патеката „Имола“ која се наоѓа во италијанскиот град Имола и е долга 4.909 метри, возачите ќе треба да извозат 63 круга.

В сабота со почеток во 14:00 часот ќе се одржи трката за полпозиција, а трката за Големата награда „Емилија-Ромања“ е закажана за в недела, 18 април, со почеток во 15:00 часот.

Во првиот круг на Првенството кој се одржа во Бахреин, победи пилотот на Мерцедес, Британецот Лиус Хамилтон.

Пред трката на пистата во Имола, пласманот на возачите и тимовите е следниот:


Пласман на пилотите

1. Лиус Хамилтон (Велика Британија): 25 поени

2. Макс Верстапен (Холандија): 18 поени

3. Валтери Ботас (Финска): 16 поени

4. Ландо Норис (Велика Британија): 12 поени

5. Серџо Перез (Мексико): 10 поени


Пласман на тимовите

1. Mерцедес: 41

2. Ред Бул: 28

3. Мекларен: 18

4. Ферари: 12

5. Алфа Таури: 2

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın