Dejan Maksimoviç
01 Јуни 2018•Ажурирај: 03 Јуни 2018
МАДРИД (АА) - Секој следен гол на Аргентинецот Лионел Меси и Бразилецот Нејмар на некој официјален натпревар, вклучувајќи го и Светското првенство во Русија, ќе донесе 10.000 оброци за децата во училиштата во Латинска Америка и Карибите, јавуваат шпанските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Компанијата која го поддржува проектот „Мастеркард“ (MasterCard) во четвртокот објави дека ќе донира 10.000 оброци на Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) секогаш кога аргентинската или бразилската ѕвезда ќе постигнат гол.
„Јас сум многу горд што сум дел од оваа кампања, тоа ќе го промени животот на илјадници деца и се надевам дека тоа ќе предизвика многу насмевки“, рече Меси.
Нејмар истакна дека е исклучително среќен што може да помогне во оваа хумана кампања.
„Сакаме да обезбедиме децата во регионот да имаат чинија храна и повеќе надеж. Ние, Латиноамериканците, знаеме дека можеме да направиме одлични работи кога ќе се обединиме и ова е таков пример. Заедно можеме да се бориме против гладот“, рече Нејмар.
Повеќе од 40 милиони луѓе низ Латинска Америка страдаат од глад, а многу од нив се деца. Иницијативата е дел од кампањата # JuntosSomos10 на (Заедно сме 10) и дел е од кампањата која компанијата ја започна во април оваа година.
Сите заинтересирани можат да донираат пари преку веб-страницата или да користат хаштаг на Твитер и Инстаграм. Секој пат кога се користи хаштаг компанија, таа донира еден оброк.