Elvir Hociç
25 Јуни 2018•Ажурирај: 25 Јуни 2018
МОСКВА (АА) - Во вториот круг од групата Х на Светското фудбалско првенство во Русија, Колумбија вечерва ја совлада Полска, со резултат 3 : 0, јавува Anadolu Agency (AA).
Колумбија и Полска одиграа многу возбудлив натпревар на Арената во Козан.
Јери Мина одлично реагираше на центар-шутот во срцето на шеснаесетникот и со удар со глава ја доведе Колумбија во водство во 40. минута од мечот.
Предводени со најдобриот голгетер на светот, Роберто Левандоски, Полјаците во второто полувреме поотворено тргнаа во напад, но тоа на Колумбијците им даде можност за опасни контранапади.
Една таков контранапад во 70. минута од натпреварот, за водство од 2 : 0 реализираше најдобриот играч на Колумбија на сите времиња, Радамел Фалкао.
За само 5 минути подоцна колумбискиот играч од среден ред, Хуан Квадрадо, ја доведе својата репрезентација во водство, со конечен резултат 3 : 0.
Ситуацијата во групата Х е исклучително интересна во пресрет на последната трка. Денес, Сенегал и Јапонија одиграа возбудлив натпревар кој заврши со резултат 2 : 2 и моментално се наоѓаат на првите две места во групата со 4 бода. Колумбија има 3 поени, а Полјаците се последни без освоен резултат.
Во последниот круг на 28 јуни играат Јапонија и Полска, и Сенегал и Колумбија.