Yunus Kaymaz
02 Мај 2022•Ажурирај: 04 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Истакнатите фудбалски клубови во светот преку своите социјални мрежи упатија честитки по повод муслиманскиот празник Рамазан бајрам, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Покрај Англиската фудбалска федерација, честитки упатија и клубовите од Премиер лигата; Челзи, Манчестер Сити, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Арсенал и Тотенхем.
Од Серија А по повод Рамазан бајрам честитки упатија Јувентус, Милан и Наполи, додека од германската Бундеслига честитки упатија Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.
Меѓу светските клубови што упатија честитки по овој повод се Барселона и Севиља од шпанската Ла Лига, и Париз Сен Жермен од француската Прва фудбалска лига.
Исто така, ФИФА им го честиташе Рамазан бајрам на сите свои следбеници на социјалните мрежи.