Hüseyin Burak Demirer
16 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот мотциклист Кенaн Софуоглу кој победи на 11. натпреварување во Светскиот суперспорт шампионат одржано во Шпанија беше прогласен за шампион пред крајот на сезоната, јавува Anadolu Agency (AA).
Единаесеттото натпреварување на патеката Јерез долга 4 илјади и 423 метри во Шпанскиот град Кадиз се одржа со возење на 19 кругови.
На пол возицијата возачот на екипата Кавасаки Пучети, Кенан Софуоглу во стартот успеа да го задржи лидерското место. За шампонската борба доволно беше да биде меѓу првите 8 места. Кенан во четвртиот круг беше поминат од своите колеги Ранди Курменкер и Ники Тули од тимот на Калио.
Кенан го обезбеди лидеркото место откако во петтиот круг Круменкер остана надвор од натпреварот. Во останатите кругови Кенан слободно се натпреваруваше со Тули и успеа да го заземе првото место. Тули беше втор, а Кил Смит од Хонда го зазема третото место.
Оваа сезона од шестото издание на Суперспорт, Кенан ја рослави 38-та победа и стана петкратен шампион на Суперспорт по победите во 2007, 2010, 2012 и 2015 година.
Својот постигнат успех Софуоглу го прослави носејќи го знамето на Турција.
Последното 12. натпрварување од Светскиот суперспорт шампионат ќе се одржи на 30 октомври.